Прошетка низ градот за кој велат дека е како од бајките на браќата Грим

Шармантниот средновековцен град ја зачувал својата архитектура уште од XIII век, а шетајќи по улиците се добива чувство како да сте патувале со временска машина.

Постојат градови што имаат свои поединечни симболи и архитектонски чуда што треба да се видат. Но, постојат и такви што се атракција со самото свое постоење. Еден од нив е францускиот средновековен град Динан.

Динан се наоѓа во северозападниот дел на Франција, во познатата покраина и полуостров Бретања. За разлика од поголемиот дел од другите градови кои никнувале во долината на реката Ранс, Динан никнал на брдо, поради што пружа магичен поглед. Има 14.700 жители.

Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од XIII век, а поради неговите одбранбени ѕидови, шетајќи по улиците се добива впечаток како да сте патувале со временска машина. Многумина го сметаат за најатрактивен и најдобро сочуван стар град во Бретања.

За својата живописност може да му се заблагодари на пристаништето каде се наоѓаат старите камени куќи - во многу од нив сега се наоѓаат ресторани, кафулиња и продавници. Од пристаништето има прекрасен поглед на камениот вијадукт кој се издига над градот и реката.

Тука е и ридот на кој можете да се искачите минувајќи низ тесни камени улички со шарени дрвени и камени куќички.

Додека шетате ќе поминете покрај студија, продавници за сувенири, книжарници, работилници за стакло... сè што го прави Динан да ја носи ласкавата титула „град на уметноста и историјата“. Излозите често се големи и датираат од средниот век, кога пазарувањето се вршело од улица преку излозите, без да се влегува во продавниците.

Град - атракција

Некои го опишуваат како град кој сам по себе претставува атракција бидејќи во него нема ништо што само по себе е исклучително или што го симболизира градот. Едноставно, сѐ како целина е атракција за себе. Архитектурата, базиликите, ѕидините, реката, пристаништето, продавниците и пабовите...

Други го опишуваат како град од бајките на браќата Грим.

За оние што се жедни за фино француско вино, тука е „Ру де ла Кордонери“ (Rue de la Cordonnerie). Локалното население ја нарекува и „Жедна улица“ бидејќи токму таму се наоѓа најголемиот број на стари кафулиња и барови.

Во локалната туристичка заедница истакнуваат дека многумина за обиколка на Динан одредуваат цел еден ден или доаѓаат во склоп на еднодневна екскурзија од некој друг француски град - но, кога еднаш ќе дојдат, одлучуваат да останат повеќе.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Вести

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе