Просинечки: Против Македонија со Јоветиќ и 10 нови играчи

Макфакс/Кајгана
/ 25.03.2024 / 10:54

Македонија во Анталија вечерва (18 часот) ќе го одигра вториот контролен натпревар. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде Црна Гора. Во петокот Македонија одигра 1:1 со Молдавија, а Црна Гора ден претходно ја победи Белорусија со 2:0.

Во пресрет на натпреварот, новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, најави дека со целосно нов тим ќе настапи против Македонија.

„Во тимот ќе остане само Јоветиќ, бидејќи сакаме да му дадеме минутажа што ја нема во Олимпиакос, а остатокот од тимот ќе биде сменет затоа што сакам сите играчи да добијат можност да се покажат, да се докажат и да се наметнат. Тоа сега ни е поважно од резултатот, иако сигурно ќе се обидеме да продолжиме таму каде што застанавме против Белорусија“, рече Просинечки на прес-конференцијата во Анталија, а потоа продолжи:

„Момците имаа голем мотив за Белорусија, мислам дека тоа беше евидентно. Пристигна нов тренер, нормално дека сите сакаа да се докажат. Бевме исклучително борбени на секој дел од теренот, топката се движеше добро, лесно доаѓавме до добри позиции во нападот и тоа ме радува. Се надевам дека така ќе биде и против Македонија“.

Со оглед на тоа што Просинечки најави дека само Јоветиќ ќе го започне мечот против Македонија во однос на тимот што играше против Белорусија, се очекува на теренот да бидат: Матија Шаркиќ; Андрија Вукчевиќ, Стефан Савиќ, Игор Вујачиќ, Ристо Радуновиќ, Стефан Лончар, Марко Бакиќ, Владимир Јововиќ, Дритон Чамај, Стеван Јоветиќ и Стефан Мугоша.

Македонскиот селектор Милевски пред тргањето за Анталија најави дека сите фудбалери ќе добијат шанса, па останува да видиме со колку промени во тимот од петокот ќе настапи денес. Против Молдавија воопшто не заиграа Тодор Тодороски, Ѓоко Зајков, Александар Трајковски, Дарко Велковски, Давид Бабунски, Давор Здравковски, како и тројцата резервни голмани Игор Алексовски, Дамјан Шишковски и Дејан Илиев.

реклама

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе