Протекоа транскрипти од последната комуникација од подморницата Titan

Макфакс
/ 06.07.2023 / 19:43

Се појавија снимки од екранот на она што се верува дека е последната комуникација од подморницата „Titan“ пред нејзиното трагично уништување.

Снимката наводно ги покажува последните зборови на член на екипажот на подморницата, веројатно шефот на OceanGate, Стоктон Раш, и тимот на матичниот брод „Polar Prince“, пренесува Indy100.com.

Документот предизвика загриженост, главно затоа што се чини дека патниците биле свесни дека има проблем со подморницата 18 минути пред разорната експлозија.

Додека автентичноста на тие транскрипти сè уште се доведува во прашање и оспорува, многумина велат дека содржината е веројатно вистинска со оглед на информациите што веќе ги дадоа експерти за „Titan“, вклучувајќи го и Џејмс Камерон.

Една корисничка на TikTok, која ја сподели снимката, рече дека не ја споделила само за лајкови.

„Чувствував дека ова е многу убедливо, без разлика дали документите се реални“, рече таа.

@theghostmoregirls #oceangate #titan #polarprince #titanic ♬ original sound - The GhostMore Girls

Дијалогот започнува во 7:52 часот, кога бродот им кажува на петте членови на екипажот на „Titan“ дека се подготвени да се спуштат до потонатиот брод „Титаник“.

„Уживајте во вашето нуркање, господа“, им е кажано од „Polar Prince“, а потоа се упатени да извршат проверка на системот, по што добиваат зелено светло да продолжат.

„Сите системи функционираат нормално. Ние сме во добра форма. Продолжуваме со спуштање според планираното“, било соопштено во 8:34 часот.

Околу 15 минути подоцна било потврдено дека сѐ е стабилно и дека спуштањето продолжува според планираното. По 75 минути спуштање, повторно им било кажано дека сѐ е под контрола и да уживаат во возењето.

Но, само 10 минути после тоа, работите почнале да одат наопаку.

Според транскриптот, во 9:28 часот екипажот на „Titan“ забележал аларм од системот за набљудување. Сите се согласиле дека треба да го напуштат спуштањето и да се вратат на површината. Сепак, искачувањето било многу побавно од очекуваното, а системот почнал да дава „целосни црвени предупредувања“.

Во 9:50 часот „Polar Prince“, наводно, рекол дека повеќе не добиваат комуникација од „Titan“ и побарале ажурирање.

„Не ве читаме. Одете до координатите за обновување. Кажете ни ако нѐ слушнете“.

Преписот завршува во 9:57 часот со последната молба од бродот:

„Ве молам одговорете ако сте во можност“.

Во коментарите на TikTok многумина ја изразија својата тага поради тоа низ што поминале петте патници на „Titan“.

„Знаеле дека се во неволја, замислете го тоа чувство на беспомошност. Слушањето на тие звуци сигурно било ужасно“, напишал еден корисник на таа социјална мрежа.

Сепак, овие транскрипти не се официјално потврдени, истакнува Indy100.com.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе