Протест на жените во Кабул: Доста ни е од рестрикции

Б.С.Б.
/ 29.05.2022 / 15:41

Околу 20 Авганистанки демонстрираа во Кабул, извикувајќи „леб, работа, слобода“ против рестрикциите кои ги воведоа талибанците за жените во Авганистан, пренесе AFP.

Од враќањето на власт во август, 2021 година, талибанците постепено ја одзедоа слободата што жените ја освоија во последните 20 години од падот на претходниот режим.

„Школувањето е мое право. Отворете ги повторно училиштата“, скандираа жените пред Министерството за образование, носејќи превез преку лицето.

Маршираа неколку стотина метри пред да бидат запрени од талибанците кои дојдоа да ги спречат во протестот.

„Сакавме да прочитаме изјава, но талибанците не ни дозволија“, изјавија тие по маршот. „Ни ги зедоа мобилните телефони и нè спречија да фотографираме или снимаме од протестот“.

По враќањето на талибанците, воведени се низа рестрикции и во голема мера се уназадени правата на жените. Ги исклучија од јавните професии, им го ограничија правото на движење, им забранија пристап на девојчињата во училиште и слично.

Последната рестрикција е воведена кон почетокот на мај, кога владата објави декрет со кој се налага жените задолжително да го покриваат лицето во јавност.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе