Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Граѓаните во Белград вечерва се собраа пред српскиот Парламент, незадоволни од повторното воведување на полицискиот час, ги пробија вратите на Парламентот и влегоа во зградата. Според локалните медиуми, полицијата употребила сила во обидот да ги спречи.

Фото: Танјуг
Фото: Танјуг

Граѓаните извикуваа „Вучиќ крадец“, „Оставки“.

Протестот пред Собранието на Србија излезе од контрола вечерва по 22 часот, пишуваат тамошните медиуми.

Демонстрантите ја пробија заштитната ограда пред Собранието, запалија факели и се судрија со полицијата во обидот да влезат повторно во Парламентот.

Фото: Танјуг

Српската полиција употреби најмалку 30 солзавци во обидот да ги спречи демонстрантите да влезат внатре.

Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград“, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија.

Голем судир се случи околу 11:30 часот кога демонстрантите фрлаа камења и факели кон полицијата, по што полицијата интервенираше со солзавец и шок бомби.

Фото: Танјуг

Повеќето од демонстрантите се повлекоа од платото пред зградата на Парламентот, дел се упатија кон зградата на РТС, а дел во улици зад Парламентот во обид да влезат во него. Полицијата и пред зградата на РТС фрли солзавец, а Н1 во моментов јавува дека демонстрантите повторно се враќаат кон Собранието. Новинарите од Н1 велат дека на секое доближување на демонстрантите до Собранието, полицијата веднаш фрла солзавец.

Групата демонстранти фрлаат камења и парчиња скршени сообраќајни знаци кон полицијата.

Вучиќ денеска изјави дека ситуацијата во Србија, а особено во Белград е алармантна, па затоа од овој викенд повторно ќе воведе полициски час.

Полицискиот час за жителите на Белград ќе започне во петок во 18 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Remote video URL
реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе