Над 5 илјади демонстранти протестираа на улиците низ Атина против полициското насилство, а потоа се судрија со полицијата.
Демонстрациите беа испровоцирани од видео кое се појави на социјалните мрежи и на кое се гледа како полицаец со палка тепа млад човек пред да го приведе.
Мирниот протест стана насилен откако дел од демонстрантите ја нападнаа полицијата, па главниот грчки град имаше пеколна ноќ.
Разгневената топла беснееше низ улиците, палеше контејнери, смет, дури и дрвја. Повредени има на двете страни.