Netflix објави трејлер за претстојниот крими трилер Reptile со Бенисио дел Торо и Џастин Тимберлејк во главните улоги.
Филмот го режираше Грант Сингер, кој се прослави како режисер на видеоспотови нанекои од најголемите ѕвезди на денешницата, од Сем Смит до Викнд. Сингер го напиша и сценариото за филмот заедно со Дел Торо и Бенџамин Бруер.
Во филмот, Дел Торо го толкуваше детективот Том Николс, кој истражува убиство на агентот за недвижнини. Еден од главните осомничени за злосторството е партнерот на жртвата Вил Грејди, кој го игра Џастин Тимберлејк.
Покрај Тимберлејк и Дел Торо, во филмот играат и Алиша Силверстон, Мајкл Пит, Ерик Богосијан и Доменик Ломбардоци.
Reptile ќе биде премиерно прикажан во септември на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, а ќе биде достапен на Netflix од 10 октомври.