Прв трејлер: Ѕвездена екипа во комичниот хорор Haunted Mansion

Walt Disney Studios го објави првиот тизер трејлер за новиот комичен хорор Haunted Mansion.

Во режија на наградуваниот филмаџија Џастин Симиен, филмот го краси ѕвезден ансамбл  во кој се вбројуваат Лејкит Стенфилд, Тифани Хадиш, Овен Вилсон, Дени Девито, Росарио Досон, Чејс В. Дилон и Ден Леви, со Џејми Ли Кертис и Џаред Лето како The Hatbox Ghost.

Режисерот Симиен вели: „Како доживотен обожавател на атракцијата Haunted Mansion, превозбуден сум што можам да го споделам трејлерот за нашата нова филмска адаптација со неверојатна актерска екипа. Нашиот тим работеше неуморно за да создаде страшна, смешна и кинематографска авантура во која ќе уживаат и новите, и тврдокорните фанови! Едвај чекам публиката да ја доживее оваа верзија на големиот екран на легендарната атракција на Disney“.

 Инспириран од класичната атракција во забавниот парк, „Haunted Mansion“ е филм за една жена и нејзиниот син кои ангажираат екипа од таканаречени спиритуални експерти за да им помогнат да го ослободат нивниот дом од натприродните натрапници. Продуценти на филмот се Ден Лин и Џонатан Ајрих, а Ник Рејнолдс и Том Пајцман служат како извршни продуценти.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 28 јули.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе