Првиот Cybertruck ќе биде испорачан на 30 ноември

Tesla откри дека испораките на долгоочекуваниот електричен пикап Cybertruck ќе започнат на 30 ноември.

Пилот-производството на Cybertruck во Gigafactory во Тексас веќе започна и напредува според очекувањата, па првите примероци ќе бидат подготвени за испорака оваа година. Тоа е прилично мал број примероци, но со оглед на огромното внимание што го привлекува електричниот пикап на Tesla долго време, оваа пресвртница ќе биде значајна за пазарот.

Во финансискиот извештај на Tesla за третиот квартал од 2023 година има и фотографии од бел електричен камион Tesla Semi пред зградата на Tesla, на чија приколка се наоѓаат три Cybertrucks. Ќе биде интересно да се види дали електричните камиони ќе се користат за доставување на пикапите до клиентите, што дефинитивно би бил одличен маркетиншки потег.

Комбинацијата на Semi и Cybertruck не потсетува колку компанијата е вертикално интегрирана. Тесла ги произведува сите главни компоненти и може да ги испорача своите возила со свои камиони. Имаше случаи кога се користеа Semi камиони за испорака на индивидуални автомобили, но и Supercharger полначи.

Извештајот содржи уште една многу важна информација, а тоа е дека сегашниот производствен капацитет овозможува производство на повеќе од 125.000 примероци од Cybertruck годишно. Во моментов производството е во „Пилот статус“, така што не треба да очекуваме голем обем годинава, но 2024 година е нешто друго. Компанијата би можела да искористи значителен дел од производствениот капацитет на фабриката, а времето ќе покаже дали ќе се зголеми обемот на производството. Секако, треба да ги почекаме цените и спецификациите на Tesla Cybertruck бидејќи овие детали сè уште не се достапни.

Се очекува Cybertruck да понуди многу добри способности за влечење од повеќе од 6,3 тони, значително повеќе од Ford F-150 Lightning (околу 4,5 тони) и Rivian R1T (околу 5 тони). Што се однесува до носивоста, таа е до 1,6 тони.

Прелиминарните податоци објавени на веб-страницата на Tesla укажуваат на опсег до 800 километри и забрзување од 0 до 100 км/час за 2,9 секунди. Сепак, треба да се нагласи дека овие бројки ќе зависат од верзијата на пикапот. Компанијата потврди дека Cybertruck ќе користи технологија од 800 волти, како и цилиндрични батериски ќелии од типот 4680.

Во иднина би можело да се појави и Performance верзија на електричниот пикап.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Авто новости

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more
 

Автомобили

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе