Првиот сопруг на Џеј Ло откри интимни детали и порача: Бракот со Бен е осуден на пропаст

Проговори првиот сопруг на Џенифер Лопез, вели дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае, а откри и зошто.

Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек, снимката од медениот месец каде актерот плаче ги шокираше сите, а сега се огласи и човекот кој одлично ја познава Џеј Ло и вели – ова нема да трае! Охани Ноа е првиот сопруг на Џеј Ло, кого многумина веќе го заборавија. Тој беше во брак со убавата актерка и пејачка, а по нивниот развод во 1998 година останаа пријатели. Ја познава, вели и одвнатре и однадвор, а го боли озборувањето дека го „шутнала“.

„Џен обожава да биде заљубена, но да се разбереме, таа се вери шест пати. Бен е нејзиниот четврти сопруг. Јас ѝ бев првиот, а таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Додека лежевме во кревет на нашата прва брачна ноќ рече дека ќе бидеме заедно засекогаш“, рече Охани.

„Пријатели сме со децении, не сум таму некој келнер со кого била, бев манекен, оженет за најубавата жена што некогаш сум ја видел. Таа стана мегаѕвезда додека бевме заедно и сите паразити кои ја опкружија му пресудија на нашиот брак. Молчев со години, сакав само да го продолжам животот. Но, сега ми се вратија сите емоции“, изјави 48-годишниот Охани Ноа.

Откри и како ја освоил пејачката, бидејќи иако не сака да го нарекуваат келнер, признава дека ја работел токму таа работа кога нивните погледи прв пат се сретнале.

„Дојде една вечер во ресторанот каде што работев, со пријателка и асистентка. Во тоа време го снимаше филмот 'Blood and Wine'. Дојде и следната вечер, седнаа на шанк, а јас му носев порција помфрит на друг муштерија. Џенифер ги виде компирчињата додека поминував и ми рече: 'Леле, па тоа изгледа вкусно'. Само ѝ ја подадов целата порција без да кажам збор“, рече тој.

По разводот со Охани, Џеј Ло се забавуваше со Шон Комбс, попознат по прекарот Пи Диди. Потоа се омажи за танчерот Крис Џад, се разведе, имаше афера со Бен, го остави, се омажи за Марк Ентони, имаше две деца...

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе