УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

ПСЖ прави сѐ да ги задржи Нејмар и Мбапе

ПСЖ синоќа, еден ден подоцна од очекуваното, го заврши есенскиот дел од европската сезона со победа од 5:1 над Башакшехир, на повторениот натпревар што беше прекинат во вторникот поради расистички инцидент.

Со 12 бода, „Светците“ го освоија првото место во групата Х и ќе ја имаат предноста на домашниот терен на реваншот во осминафиналето.

Двете најголеми ѕвезди на Париз си ги поделија улогите на стрелци и постигнаа прекрасни јубилеи. Килјан Мбапе со два гола ја мина границата од 20 гола, а Нејмар со хет-трик постигна 40 погодоци во Лигата на шампиони.

ПСЖ отвори преговори за нови договори за двајцата

Изминатава година и за двајцата се зборува дека ќе го напуштат ПСЖ. Младиот Мбапе е најголемата желба на Реал Мадрид, а Нејмар беше во фаза на големо незадоволство и сакаше да се врати во Барселона. Но, откако стигнаа до финале на ЛШ во пандемиска сезона, работите се променија и двајцата можно е да останат во клубот на долг рок.

URL

„Започнавме преговори за да ги задржиме и Мбапе, и Нејмар. Верувам дека ќе бидат успешни затоа што и двајцата сакаат да останат“, изјави сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Хелајфи, за RMC SPort, а Мбапе го потврди истото за медиумите.

„Среќен сум во Париз, со клубот и соиграчите. Не сакам да го напуштам ПСЖ“, рече тој.

Иако синоќа Мбапе стана најмладиот играч во историјата со 20 погодоци во Лигата на шампиони, главна ѕвезда беше Бразилецот. Покрај тоа што постигна хет-трик, тој постигна и пенал кој го реализираше Мбапе, имаше уште две клучни додавања и едно создаде одлична можност. Тој шутираше осум пати, а шест топки влегоа во шеснаесетникот, од кои половина завршија во мрежата.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе