Федералниот центар за здравствено образование (BZgA) издаде соопштение во кое директорот на оваа државна агенција во Германија објаснува дека луѓето кои пушат се особено изложени на ризик да развијат тешка форма на болеста COVID-19 во случај на инфекција со коронавирусот SARS-CoV-2.
Во соопштението, BZgA првенствено ги повикува граѓаните да ги искористат претстојните празници за да се откажат од пушењето.
На почетокот на приложеното интервју, директорот на центарот, Хајдрун Тајс, посочи дека причинителот на COVID-19 влегува во човечкото тело преку респираторниот систем, а потоа се осврна на чувствителноста на пушачите на COVID-19:
„Според последните податоци, тие имаат зголемен ризик од развивање на тешка форма на болеста“, вели таа и додава дека научниците сè уште не го испитале целосно овој феномен, иако работат на тоа, но дека одамна е познато дека пушењето го ослабува имунитетот и ја влошува чувствителноста на респираторниот систем.
„Студиите укажуваат дека и пушачите и поранешните пушачи се почувствителни на SARS-CoV-2“, тврди таа.