Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна денеска во Москва на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница. Во тек е состанокот.
Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела исто така одби да се подложи на руски ПЦР тест пред средбата со Путин.
Кремљ соопшти дека очекува „подолги“ разговори бидејќи Путин и Шолц имаат „многу прашања за разговор“.
Портпаролот на Кремљ ги опиша предупредувањата дека Русија утре ќе изврши нов напад врз Украина како „неоснована хистерија дизајнирана да ги ескалира тензиите“.
Запрашан за реакцијата на рускиот претседател на западните извештаи за планирана инвазија, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин се пошегувал „да не објавија и точно време кога ќе почне војната?“.