Многумина сонуваат да возат моќен автомобил на делови од германскиот автопат каде нема ограничувања на брзината, а некои едноставно го прават тоа.
Видеото што го објави магазинот AutoTopNL покажува барем како изгледа едно такво искуство.
Во центар на вниманието во ова возење е BMW M5 Competition со моќен 4,4-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 617 КС и има максимален вртежен момент од 750 Nm.
Тој е спарен со осумстепен автоматски менувач, а силата се пренесува на сите четири тркала. Моторот е импресивен, но погонот на сите тркала ги подигнува перформансите на уште повисоко ниво.
Оваа „ракета на тркала“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, до 200 за 11,3 и до 300 км/ч за 45,3 секунди.
Според фабричките спецификации, максималната брзина е 304 км на час, но М5 на автопат достигна 310 км/ч.