Нови податоци

Ракетата што ќе се судри со Месечината не е на SpaceX, туку на Кина

Откако астрономот Бил Греј соопшти дека ракета на компанијата SpaceX ќе се судри со Месечината, му пристигна мејл од НАСА со препорака повторно да ги погледне податоците, бидејќи заклучокот е поинаков.

Во јануари, Греј изјави дека горна фаза од ракетата Falcon 9 ќе се судри на Месечината во март. А тврдењето предизвика големо внимание кај медиумите и во јавноста, со критики насочени кон компанијата SpaceX и Илон Маск.

Но, изгледа дека сите кои критикуваа сега му должат извинување на Маск и на неговата компанија, бидејќи наместо Falcon 9 на Месечината ќе падне кинеска ракета.

Греј призна дека направил грешка во првичната идентификација на вселенскиот отпад кој тој и други астрономи во 2015 година го нарекоа WE0913A.

Кога Греј и неговите колеги за прв пат го забележале објектот, неколку траги ги навеле да помислат дека станува збор за втора фаза од ракетата Falcon 9, која го однесе сателитот DSCOVR длабоко во орбитата таа година. Идентификацијата на објектот веројатно би минала незабележано во медиумите, ако астрономите дополнително не открија дека ќе се судри со Месечината.

„Во 2015 година погрешно го идентификував овој објект како 2015-007B, втора фаза на леталото DCSOVR. Имав прилично добри докази за идентификација, но ништо не е дефинитивно. Тоа воопшто не е вообичаено, бидејќи идентификацијата на вселенски отпад бара детективска работа, а понекогаш и не можеме да го идентификуваме“, изјави Греј.

Можеби и никогаш не би го дознале вистинскиот идентитет на вселенскиот отпад да не беше инженерот на НАСА, Џон Џорџини. Тој го контактираше Греј и го информира дека системот Horizons на НАСА може да процени локација и орбита на скоро половина милиони небесни тела во нашиот соларен систем, по што му покажа дека патувањето на леталото  е во близина на Месечината. Поради тоа би било необично втората фаза на ракетата да „скршне“ од курсот на движење.

Сега Греј тврди дека е прилично сигурен дека Месечината ќе се судри со ракета која припаѓа на Кина, лансирана во октомври, 2014 година.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе