ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Ракометарите вечерва против Аргентина во битка за пласман во главната фаза

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот во „Таурон“ арената во Краков ќе ја има последната шанса со победа над директниот конкурент Аргентина да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Победата е единствена опцијата за македонските ракометари откако во двете воведни кола во рамки на групата Ф претрпеа убедливи порази со двоцифрена разлика од Норвешка (27:39) и Холандија (24:34).

Со триумф над Аргентина избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го продолжат мундијалскиот настап во новоформираната група со Норвешка, Холандија, Германија, Србија и Катар, додека, нерешен резултат или пораз ќе ги однесе „Црвено-жолтите“ во т.н. Президентс куп во кој репрезентациите ќе разигруваат за пласман од 25-то до 32. место.

Селекторот Лазаров на вчерашната прес-конференција нагласи дека со максимална концентрација и фокусираност Аргентина може да биде совладана.

– Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите 60 минути, изјави Лазаров.

Тагови
реклама

Ракомет

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе