Рама: Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, кој, според него, е исто така последен, а го отвора патот за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија.

На средба со новинарите, по Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид, Рама ги изнесе напорите вложени за постигнување договор со кој се отвора патот за официјалното отворање на преговорите.

Цело време, додаде тој, бев во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, според него, заслужува голема благодарност и признание, затоа што тој лично го следел овој процес 48 часа, дури и по полноќ, разменил пораки со Рама.

– Според мое мислење, новиот предлог, кој е и последен, мора добро да го разберат во Северна Македонија, е целосно прифатлив предлог и владата, мнозинството, парламентот, треба да го прифатат без двоумење. Општеството во Северна Македонија треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор-сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог, рече Рама.

Албанскиот премиер информираше дека водел конструктивен разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

– Многу е јасно за сите. Ние немаме проблем со Бугарија, нема загриженост за која било друга природа, освен загриженоста создадена од пристапот на Бугарија кон Северна Македонија и заложништвото на Северна Македонија и Албанија во процес што можеше да бидат многу повеќе цивилен и европски од Бугарија. Но, тоа е вода што помина под мостот и со затворање на процесот на разгледување од Северна Македонја на францускиот предлог, нема што да се додаде кога се однесува на Бугарија. Посакувам, во иднина да не минуваме патишта „Бугарија“, во други форми, како израз на искривување на духот за проширување, изјави Рама.

Албанскиот премиер синоќа на социјалните мрежи објави дека ѝ се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија. Тој во објавата додаде: Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе