Реал Мадрид и нивниот технички спонзор Adidas го претставија новиот пакет дресови на „Кралскиот клуб“ за сезоната 2021/22.
Судејќи според реакциите на навивачите, дресовите се полн погодок и изгледаат многу убаво. Покрај традиционалната бела боја на дресот, јаката е комбинација од сина и портокалова боја, исто како и ракавите на дресот. Логото на Adidas е исто така портокалово, додека името на спонзорот е обележано со сина боја.
Дизајнот на дресот ја симболизира мадридската заедница, претставена со суптилна спирална графика инспирирана од фонтаната Цибелес, каде што приврзаниците на Реал традиционално се собираат за да ги прослават освоените трофеи.
Како и да е, како што пишува Marca, капитенот на Реал, Серхио Рамос не беше присутен на фотосесијата за новиот дрес, што беше незамисливо во минатото и што дополнително укажува на тоа дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Новите дресови на Реал Мадрид веќе се достапни во ексклузивна продажба во продавниците на Adidas и Реал Мадрид.