Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 02.10.2023 / 14:14

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распиша Конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2022 година до крајот на септември 2023 година. Авторките и издавачите треба да достават по четири примероци во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 1 ноември 2023 година.

Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

Еден од иницијаторите за воспоставување на наградата, која првично била за најдобра дебитантска поетска книга, е Искра Чоловиќ. Прва добитничка на наградата, во 2005 година, била тогаш 15-годишната поетеса Надица Лешникоска, ученичка во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, за збирката „Копрена“. 

Наградата „Даница Ручигај“ досега ја добиле Елена Пренџова, Бистрица Миркуловска, Љерка Тот Наумова, Билјана Станковска, Марина Мијаковска, Мирјана Тренчева, Љубинка Донева и Вања Изова Велева.

реклама

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе