Раст на Волстрит, тргувањето е неизвесно

Берзанските индекси на Волстрит забележаа раст денеска, по големиот пад минатата недела, но тргувањето беше неизвесно во очекување на одлуките и пораките на американската централна банка за каматните стапки.

Откако го забележаа најголемиот пад од јуни минатата недела, индексите вчера закрепнаа дел од загубите, но тргувањето беше претпазливо. На тоа укажува слабиот обем на тргување. Само 9,58 милиони акции се сменија, што е шести најнизок дневен обем оваа година. Ова е резултат на неизвесноста на инвеститорите во однос на зголемувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Повеќето аналитичари очекуваат лидерите на ФЕД да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени трет пат по ред на дводневниот состанок, кој завршува во среда. Сепак, откако минатонеделните податоци покажаа дека инфлацијата во САД е повисока од очекуваната во август, се шпекулира дека ФЕД може да ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен.

„Сите очи се вперени во ФЕД“

„Сите очи се вперени во ФЕД и чекаме што ќе одлучат и кажат челниците на централната банка во среда. Мислам дека тргувањето ќе биде слабо дотогаш“, вели Џош Маркман, партнер во Bel Air Investment Advisors.

Инвеститорите стравуваат дека инфлацијата би можела да остане на високи нивоа подолго од очекуваното, што би го принудило ФЕД да ја заостри монетарната политика и во наредната година.

А тоа може да ја доведе економијата во подлабока рецесија. Технички, американската економија веќе западна во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали паѓа на квартална основа, но засега оваа рецесија е плитка.

На пазарот на капитал негативно влијае и забавувањето на растот на глобалната економија, како што предупредија минатата недела Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Од овие причини вчера паднаа цените на акциите на повеќето европски берзи. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,62 отсто, на 7.236 поени, а париски CAC за 0,26 отсто, на 6.061 поен. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,49 отсто, на 12.803 поени.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе