Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Астрологијата открива зошто затемнувањето во Вага на 25 март 2024 година ќе влијае на сите хороскопски знаци.

Рускиот астролог Јулија Лифанова открива дека затемнувањето во Вага, на 25 март 2024 година, ќе не принуди да ги преиспитаме длабоките внатрешни ставови поврзани со љубовта.

Знакот Вага е одговорен за темите односи меѓу две страни регулирани со закон. Значи тука спаѓаат темите: брак, деловни партнерства, договори за вработување. Дури и оние парови кои се во врска ќе донесат клучни одлуки, според хороскопот.

„За време на затемнувањето во Вага, најважната тема може да биде пуштање од минатото. Многу луѓе ќе донесат одлуки за развод, отказ, промена на деловни партнерства и преселба“, открива астрологот и ве советува да престанете да мислите дека знаете сè, бидејќи има разговори меѓу луѓето за кои вие не знаете и не ни помислувате.

Затоа, само верувајте во процесот и ако нешто ве принуди да ја прекинете врската, да го напуштите работното место или слично, тогаш навистина е така.

Покрај врските, знакот Вага владее и со судските и правните работи, а бидејќи полната Месечина ги завршува процесите и става печат на нив, веројатно многумина ќе добијат важна одлука од суд.

Полната месечина и затемнувањето во Вага на 25 март ќе имаат кармичко влијание врз одредени хороскопски знаци.

Затемнувањето најмногу ќе ги погоди луѓето кои се родени во периодот:

од 24 до 26 март

28, 29 и 30 октомври

27, 28 и 29 јуни

27, 28 и 29 декември.

Бидејќи помрачувањето се случува во воздушен знак, посочува Лифанова, тоа ќе им даде на Близнаците и Водолиите аспект на тригон, па овие знаци ќе доживеат квалитетен напредок, среќа и склучување на некои сериозни соработки или партнерски договори.

Четири хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од помрачувањето, на љубовно поле. Како што истакнуваат астролозите, од тој ден почнуваат да се отплеткуваат љубовните замрсувања и Универзумот ќе „стави сè на свое место“ и ќе открие како навистина стојат работите во љубовта.

Овен

За вас, помрачувањето ќе биде поврзано со меѓучовечките односи воопшто, а не само со романтичните. Постои можност да ставите крај на врската, да го раскинете договорот на работа, па дури и да донесете одлука да „свртите нов лист“ и да започнете нова фаза во постојната љубовна врска...

Вага

За вас, помрачувањето значи дека ќе имате зголемена желба да внесете драстични промени во вашиот живот: ќе работите на започнување нова врска или подобрување на старата. Фокусот ќе ви биде и на вашиот физички изглед, стил - ќе се осмелите да направите промени. Не е исклучено да започнете романса на работа!

Риби

Помрачувањето се случува во вашиот интимен сектор, а диспозиторот Венера е во вашиот знак. Тоа значи дека може да имате некои пречки и новитети во врска со партнерот или ќе поминете низ сериозна криза во врската и ќе одлучите да ставите крај на ова поглавје во вашиот живот.

Девица

Помрачувањето се случува во вашиот сектор на самодоверба, но присутно е и во куќата на партнерството и бракот. Тоа значи дека на 25 март може да имате откритие поврзано со тоа како другите ве гледаат, но и како вие се доживувате себеси. Ќе се разберете подобро, што драстично ќе го промени вашиот став во љубовните врски. Само напред!

реклама

Живот

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе