ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Реал го договори најголемиот трансфер во клупската историја

Се чини дека Реал Мадрид ја склучи најголемата зделка во својата клупска историја.

„Работата е завршена“, пренесуваат шпанските весници Marca и AS тврдејќи дека Реал и Борусија од Дортмунд го договориле не само износот на отштета, туку и динамиката на исплатата.

Џуд Белингам заминува од Дортмунд и се сели на „Сантјаго Бернабеу“. Во неколку рати мадридскиот клуб ќе ја обештети Борусија со 120 милиони евра, 5 милиони повеќе отклолку што некогаш го исплати Челси за Еден Азар (115 милиони евра летото 2019).

„Реал и Џуд Белингам речиси договорија сѐ, остана уште само да се закаже состанок помеѓу Реал и Борусија за да се договорат деталите. Преговорите се во завршна фаза“, пренесува секогаш одлично информираниот Фабрицио Романо.

AS воедно додава дека договорот со Белингам нема да влијае на плановите на Реал кои вклучуваат понуда за нови договори за Лука Модриќ и Тони Крос, додавајќи дека доаѓањето на 19-годишниот играч од средината значи и помала минутажа за хрватскиот ветеран наредната сезона.

Белингам во Борусија дојде летото 2020 од редовите на Бирмингам Сити за 25 милиони евра. Токму во тој клуб ја почна кариерата каде со 16 години и 38 дена стана најмладиот играч на овој клуб, а потоа со 16 години и 63 дена и најмладиот што постигнал гол. Актуелен е репрезентативец на Англија за која досега има 24 настапи и 1 гол, меѓу кои и настап на ЕУРО 2020 и Мундијалот 2022.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе