Реал го претстави системот кој го вовлекува целиот терен во комора

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид почна да го реновира својот стадион „Сантјаго Бернабеу“ уште во март 2020 година, а сега кога на големиот проект конечно му дојде крајот, на социјалните мрежи гордо се пофалија со најнова технологија.

Имено, Реал покажа како функционира системот за вовлекување на теренот во посебна комора која се наоѓа веднаш до најниската трибина на реновираниот стадион.

По неодамнешниот натпревар со Хетафе, со кој Реал го отвори реновираниот стадион, се пристапи кон вовлекувањее на теренот, а мадридскиот тим го сними целиот процес и ѝ го покажа на светската јавност.

URL

Реал подигнал заем во износ од 225 милиони евра за изградба на систем за подземно складирање на тревникот, а овие средства беа искористени за изградба на голема „подземна стаклена градина“.

Поради сложеноста ова не беше предвидено во првичните работи, па потоа беше технолошки решено, а овој систем ќе овозможи автоматска подготовка на теренот со помош на хидрауличен кран и зачувување на тревникот во оптимални услови.

Ова ќе го максимизира бројот на настани што може да се одржат без да влијае на тревникот, бидејќи комората е опремена со специјални уреди за одржување на соодветна температура и клима за тревата, а има и систем за наводнување и УВ третман.

Целиот проект за реновирање на стадионот ќе го чини Реал околу една милијарда евра, додека вистинското отворање е закажано за 23 декември, кога се очекува спектакуларна музичка сценска програма.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе