Реал собира уште 255 милиони евра за да го комплетира Сантјаго Бернабеу

Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид планира да собере дополнителни 225 милиони евра во заеми за да го заврши реновирањето на стадионот „Сантјаго Бернабеу“, а конечната одлука ќе биде донесена на собранието на клубот в сабота.

Според оригиналниот договор со банките во 2019 година, Реал подигна заем од 575 милиони евра за да го претвори Бернабеу од чисто фудбалски стадион во објект со целогодишна намена.

Целта беше приходите од сегашните 150 милиони евра годишно да се зголемат на дури 400 милиони евра. Претседателот на Реал, Флорентино Перес, најави дека каматните стапки на новата позајмица ќе бидат околу 2 отсто. Во последната деценија Реал четирикратно ги зголеми приходите, во 2019 година тие изнесуваа дури 800 милиони евра, а во 2020 година клубот заврши во плус и покрај пандемијата на коронавирус.

Тревникот е посебна приказна

Во видеото кое трае речиси пет минути, Реал неодамна покажа како ќе изгледа тревникот на новиот стадион. Се прикажува како ќе се чисти, чува и одржува тревникот за натпревари и како со негово отстранување се открива терен со вештачка трева. Гледаме и како просторот може да се прилагоди за саеми, кошаркарски, тениски и фудбалски натпревари и концерти.

Remote video URL

Видеото покажува и како тревникот се враќа на површина и се спојува со другите делови, а открива и како ќе изгледа само поткровјето на стадионот, ексклузивен дел од кој во салонски амбиент може да се следат натпревари и други настани. Реконструкцијата треба да заврши во декември следната година, што би се совпаднало со 75-тиот роденден на легендарниот стадион.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе