Речиси 8.000 нови случаи на COVID-19 во Србија

Според најновите информации, во соседна Србија во изминатите 24 часа се регистрирани 7.818 случаи на заразени со коронавирусот SARS-CoV-2.

Во истиот временски период починале 57 пациенти со COVID-19.

Во Србиија има 289 пациенти со COVID-19 поставени на респиратор.

Во изминатите 24 часа беа направени 20.514 тестови за COVID-19.

Епидемиологот Предраг Кон во врска со можните предлог мерки против епидемијата пред претстојните празници, кога се очекува доаѓање на голем број луѓе од странство, вчера изјави дека медицинскиот дел на Кризниот штаб предложил на границите да се прават PCR тестови за коронавирус.

-Алтернативата е влез на голем број луѓе кои не знаат дека се заразени, а кои ќе добијат симптоми и ќе треба да се лекуваат во Србија, кажа Кон за ТВ Прва.

Тој истакна дека најважно е да се разгледа пристигнувањето на српските државјани од странство.

-Тука мора да се направат подготовки, ќе мора да има карантин и изолации, за што ќе се разговара на следниот состанок. Затворањето на границите е тешко, но медицинскиот дел од кризниот штаб нема да има ништо против ако тоа биде државна мерка, истакна Кон.

Запрашан да ги коментира извештаите во медиумите дека веќе има закажувања за новогодишни прослави, Кон одговори дека „не е реално да се очекува дека ќе бидат укинати сите мерки (ограничувања на собири) за толку кратко време“, дури и да станува збор за оние што ја прележале короната и кои се чувствуваат „безбедни“.

Кон за ТВ Прва изјави дека проблемот е во тоа што и понатаму е потребна голема хоспитализација поради COVID-19, поради што голем број белграѓани сè уште се лекуваат надвор од Белград, без оглед на новата болница во Батајница, и дека издржливоста на здравствениот систем е на нејзините крајни граници.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе