Редок фосил на диносаурус во јајце пронајден во Кина

Во Кина е пронајден фосил од диносаурус стар 70 милиони години. Специфичен е по тоа што е склопчен во јајце.

Откривањето на фосилот на мал диносаурус совршено склопчен во јајце може да помогне во разбирањето на врската помеѓу диносаурусите и птиците.

„Коските од бебињата од диносаурус се мали и кревки, па ретко се фосилизираат - ова е навистина ретко. Тоа е неверојатен примерок. Работам на ова 25 години и не сум видела ништо слично“, рече Дарла Зеленицки, вонреден професор по геонаука при Универзитет во Калгари во канадската провинција Алберта.

Таа додаде дека малку се знае за тоа што се случувало во јајцата на диносаурусите пред да се изведат токму затоа што има многу малку ембрионски скелети, особено оние кои се целосни и зачувани.

Јајцето е долго околу 17 сантиметри, а должината на диносаурусот, кој е склопчен во јајцето, се проценува на 27 сантиметри. Научниците веруваат дека целосната возрасна големина на овој диносаурус е од 2 до 3 метри.

URL

Научници од Кина, Обединетото Кралство и Канада ги проучувале положбите на бебето Јинлиан, како што се нарекува фосилот, и другите претходно пронајдени ембриони на овираптори. Заклучиле дека диносаурусите се движеле и менувале пози пред да се изведат на начин слочно како птиците.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Вести

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more
 

Гик

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Читај повеќе

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе