Нотингем Форест, славниот клуб кој 23 години е далеку од првата лига, го исфрли Арсенал во третото коло од ФА Купот.
Моментално деветтопласираниот клуб во Премиер лигата, клубот кој се бори за Лигата на шампионите, синоќа беше е елиминиран од култното натпреварување, а е рекордер во ФА Купот со 14 трофеи.
Голот за сензација го постигна Луис Грабан во 83. минута.
Арсенал, додуша, играше со комбиниран тим, но ова секако е големо изненадување.