Рекордно високи цени на половните автомобили: Дизел Golf поскапе за 30%

Споредбата е направена помеѓу март 2021 и март 2022 година.

Бавното производство на нови автомобили моментално ги зголемува цените на половните автомобили. Во исто време, ЕУ сака да ги забрани новите возила на бензин и дизел најдоцна до 2035 година, кога треба да се дозволи да се продаваат само електрични автомобили.

Она што многумина го занемаруваат е дека само мал дел од клиентите воопшто сакаат да поседуваат електричен автомобил, додека производителите во исто време нудат сè помалку опции со SUS мотори или повеќе не ги нудат.

Резултатот е очигледен, барем во оваа преодна фаза - понудата на користени дизелaши и бензинци ќе се намалува побрзо од побарувачката. Тоа се одразува и на цените на половните возила кои само лани во просек пораснале за речиси 25 отсто.

Додека половните автомобили во Германија чинеле во просек 21.793 евра во март 2021 година, во истиот месец во 2022 година тие веќе биле 26.817 евра. Највисок месечен раст на цените беше од јануари 2022 година до февруари 2022 година (плус 3,2%).

Ексклузивно за Focus.de, најголемиот германски сајт за продажба на половни автомобили Mobile.de избра неколку модели за кои поскапувањето беше особено високо.

Споредбата е направена помеѓу март 2021 и март 2022 година и покажува дека пазарот на половни автомобили полека, но сигурно, се празни.

Подолу можете да видите примери на половни автомобили чии цени драстично пораснаа во изминатата година:

VW Polo: скок на цените од 38% - бидејќи малите автомобили не се профитабилни за производителите, а исто така стануваат поскапи за производство поради строгите ограничувања за емисија на издувни гасови, тие полека исчезнуваат од гамата на многу производители. Овој недостаток на залихи и, се разбира, моментално високите цени на горивото значат дека половниот VW Polo одеднаш е исклучително привлечен. Во март 2021 година, овој мал автомобил сè уште се рекламираше за просечни 10.105 евра, а моментално веќе е на 13.941 евро - значи цели 38 проценти повеќе.

VW Golf: Овој дизелаш е многу баран - и станува сè поредок. За само неколку години, производителот од Волфсбург ќе продава само електрични автомобили во Европа. Купувачите на половни автомобили, се разбира, не се среќни поради тоа, бидејќи VW Golf TDI моментално е многу барана стока, а неговите цени пораснале за 31 отсто за една година.

VW Touran и Sharan: на сајтот Mobile.de моментално се нудат за 31% помалку Touran возила отколку пред една година, додека просечната цена се зголеми за 24 проценти на 21.653 евра. Поголемото комбе VW Sharan е за 25% поскапо.

Овие модели покажуваат само дел од вкупниот пазар и се однесуваат само на најголемата продажна платформа Mobile.de. Но, трендот е јасен: опсегот на користени автомобили, особено популарните модели на бензин и дизел, се намалува, а цените ќе продолжат да растат, барем засега.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе