ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Решена мистеријата за играчот што беше вклучен во тимот на Манчестер Јунајтед

Вистинска конфузија синоќа предизвика официјалната веб-страница на Премиер лигата каде меѓу пријавените фудбалери на Манчестер Јунајтед се најде и извесен Бетињу.

Бетињу преку ноќ стана славен. Станува збор за португалски напаѓач со целосно име Алберту Алвеш Коељу, кој со своите 29 години има постигнато само 27 гола во кариерата, а моментално игра во третата португалска лига за тимот на Ешпињу.

Но, во Премиер лигата, поради некоја причина, тој беше вклучен во тимот на пријавени играчи на Манчестер Јунајтед. До неговото име стоеше бројот 11 и се наведуваше дека за „Црвените ѓаволи“ игра од 2019 година.

URL

Ова, се разбира, не е точно, а потегот на официјалната веб-страница на Премиер лигата предизвика многу збунетост и шеги на социјалните мрежи. Но, тоа што некои тоа не го сфатија како шега, потврдува и фактот што видео-компилациите од неговите потези во текот на кариерата десеткратно го зголемија бројот на прегледи на социјалните мрежи.

Угледниот The Athletic ја разоткри оваа бизарна приказна. Мистериозниот фудбалер Бетињу нема да заигра за Јунајтед, а кога на „Олд Трафорд“ го виделе овој проблем веднаш стапиле во контакт со челниците на Премиер лигата.

URL

Се покажа дека се работи за техничка грешка која официјалната веб-страница на Премиер лигата се обидува да ја поправи.

„Најважно е да се каже дека Манчестер Јунајтед нема да потпише со играчот Бетињу, новата 11-ка во нивниот тим на официјалната веб-страница на Премиер лигата. Тоа нема никаква врска со клубот, а Манчестер Јунајтед веднаш ја известил Премиер лига. Тоа е технички проблем и персоналот работи на корекција на грешката“, истакна новинарката Лори Витвел, која работи за The Athletic.

Нормално, и самиот Бетињу се изненадил кога видел дека е вклучен во тимот на Јунајтед, па приликата ја искористи за да се пошегува и им порача на сонародниците Диогу Дало и Бруну Фернандеш дека наскоро ќе се видат на тренинг.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе