Ревакцинирани 773.537 граѓани, трета доза примиле 24.021

Вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Според податоците на Министерството за здравство, заклучно со 27 октомври, педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на заразени. Регистрирани се и седум починати лица, а оздравени се 321 пациенти.

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера почина17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар.

Младата пациентка имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје и била мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите преземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката починала.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на COVID-19. Вкупниот број КОВИД – дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6.499.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more
 

Вести

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе