Ревијален меч на легендите на Милан во Бразил за малку ќе завршеше со тепачка

Легендите на бразилски Саун Паулу и италијански Милан синоќа одиграа ревијален натпревар на стадионот „Морумби“ во Бразил, а победи домаќинот со 4:1.

Но, најголемо внимание кај навивачите привлече сцената во која главната улога ја имаше легендарниот Кларенс Сејдорф (кој кај нас погрешно е познат како Сидорф), кој збесна од потезите на Жозуе.

Поранешниот бразилски ветеран грубо стартуваше над Сејдорф, а Холанѓанецот бурно реагираше и веднаш започна конфронтација со поранешниот фудбалер на Волфсбург, кој беше член на шампионскиот тим предводен од Един Џеко и Звјездан Мисимовиќ.

Нивната пресметка во судиското надополнување беше спречена од останатите фудбалери на теренот и натпреварот беше приведен до крај.

URL

По натпреварот, Жозуе изјави дека реакцијата на Сејдорф му е нејасна и дека смета дека му било тешко поради резултатот со кој е поразен Милан на овој натпревар.

За победата на Саун Паулу се погриѓија Додо со три гола и Валбер, додека единствен стрелец за Милан беше Рикарду Оливејра. Екипите играа во следните формации скроени од легендите:

Саун Паулу: Бонекини, Лугано, Фабау, Кафу, Жуниор, Валбер, Жозуа, Кака, Раи, Мулер Паљиња.

Милан: Дида; Андре Крус, Костакурта, Панучи, Ѕакардо, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињу, Сејдорф, Рикарду Оливејра.

Remote video URL
Тагови
реклама

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе