Ракетата на Virgin Galactic, со екипаж од шест луѓе, успешно слета откако самостојно се вивна во вселената.
Првиот успешен комерцијален вселенски лет беше проследен со огромен аплауз во моментот кога слета леталото. Бренсон беше дел од летот, заедно со уште петмина од неговиот тим.
По 17 години доцнење и низа разочарувања, откако одвои повеќе од милијарда долари од личното богатство, Ричард Бренсон конечно успеа да го исполни својот сон.
Леталото до посебна точка во атмосферата беше носено од два авиони и во еден момент ракетата самостојно се одржа и го продолжи патот кон вселената. По успешниот лет кој траеше еден час, Бренсон и екипажот слетаа на Земјата.
Со ова милијардерот се запиша во историјата и го надмина главниот конкурент Џеф Безос, чие летало Blue Origin ќе патува во вселената на 20 јули.
Бренсон и неговата компанија соопштија дека доколку три тест лета минат според планираното, наскоро ќе почнат со комерцијални летови во вселената.