Римска легија против средновековни витези - кој би победил?

Доколку детално се анализира системот на организација на римската војска и се спореди со оној што постоел во средниот век во Западна Европа, одговорот е лесен.

Важно е да се напомене дека во средниот век немало редовна војска. Витезите стоеле во првите борбени реедови, а биле малцинство: во описите на средновековните битки воглавно се кажува за „стотина од нив“, што значи дека нивниот број тешко можел да достигне илјада, за разлика од 4.200 луѓе колку што сочинувала една римска легија.

Од друга страна, кога во прашање е тактиката, витезите напаѓале брзо и така ги потиснувале непријателските редови. Со молскавичен напад буквално разбивале цели војски, па веројатно со иста леснотија би ги разбиле и првите редови од римската кохорта. Но, треба во обѕир да се земе фактот дека витезите не биле организирани и биле препуштени сами на себе. За еден осамен борец најважната задача била прв да се пробие низ непријателската линија.

Кога станува збор за недостаток на воена дисциплина, треба да се знае дека средновековните витези обично се постројувале во еден ред. Причината била едноставна - да се стои зад некого било срамота, а сон на секој витез било да стане славен. Неретко започнувале битки дури и без претходно извидување, фактор што во голема мера го одредува можниот исход од конфронтацијата меѓу средновековните западноевропски витези и римската легија.

Римјаните имале добро воспоставена дисциплина и воена хиерархија. Тие безусловно се покорувале на наредбите, па поради дисциплината и кохерентноста можеле да ја победат секоја неорганизирана војска, дури и кога биле помалку на број. Нивната главна специјалност била борбата гради во гради, поради што секогаш се обидувале да изведат фронтален напад. Така, доколку витезите би ја нападнале римската кохорта, едноставно би се заглавиле внатре во непријателските редови.

Покрај тоа, биле познати и по тоа што секогаш се обидувале што е можно повеќе да ги отежнат нападите на непријателската коњаница преку копање ровови и подигнување моќни бариери. Искуството од спротивставување на бројни војски што содржеле коњи било сосема солидно доколку се погледне нивната воена историја: војни со Партија и Галија. Единствената слаба точка во овој поглед била римската неспособност да издржат напади од стрелци во рамничарски услови.

Кој би победил?

Дури и ако витезите би успеале да ја ги пробијат првите редови со брзи напади, многу веројатно потоа би се нашле заробени помеѓу нив. Може да се каже дека тактиката на средновековните витези би била немоќна против Римјаните, еднакво немоќни би биле и останатите борци од нерегуларните единици. Со други зборови, Римјаните, хипотетички кажано, би можеле да ги поразат средновековните витези благодарение на вештата борбена тактика, дисциплина и оружје.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе