Rolls-Royce оствари рекордна продажба во 2022 година.
Всушност, 2022 година беше првата година во 118-годишната историја во која беа испорачани над 6.000 возила во една година.
Со вкупно 6.021 продадени автомобили во 50 земји низ светот, Rolls-Royce зад себе има уште една година со рекордна продажба.
Во Rolls-Royce има зголемена побарувачка за уникатните модели, што резултира со тоа што купувачите плаќаат во просек над 500.000 долари за нов автомобил. Најмногу нарачки има на Блискиот Исток.
Побарувачката за Spectre, првиот целосно електричен модел, ги надмина очекувањата, но нема детални информации за бројот на досега направените резервации.
Првите испораки до клиентите се закажани за четвртиот квартал од 2023 година.