Роналдо ги одбра своите идеални XI на сите времиња

Бразилскиот Роналдо ги одбра најдобрите единаесетмина на сите времиња според него. Славниот двократен мундијалски освојувач и себеси се стави во најдобриот тим.

На гол го стави Џанлуиџи Буфон, против кого играше и во Калчото и во Лигата на шампионите. На бековските позиции ги одбра неговите колеги од репрезентацијата, Кафу и Роберто Карлос. На стоперските позиции се одлучи за двајцата протагонисти на катанаџото - Паоло Малдини и Фабио Канаваро.

Во средниот ред ги одбра Зинедин Зидан, Пеле и Диего Марадона. Токму Пеле и Марадона се единствените што не се од неговото време.

Неговиот идеален напад го сочинуваат Лионел Меси, Кристијано Роналдо и токму самиот тој - Луис Назарио џи Лима Роналдо.

Роналдо денес има 47 години. Кариерата ја почна во младинскиот погон на Саун Кристоваун, а потоа на сениорско ниво настапуваше за Крузејру, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринчјанс.

За Бразил одигра 98 натпревари и постигна 62 гола, а се закити со титулите од Мундијалите во 1994 и 2002, како и Копа Америка во 1997 и 1999.

Иако беше дел од Галактико генерацијата на Реал Мадрид, никогаш во кариерата не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе