Роналдо го напушта Ал Наср и се враќа во Мадрид, тврдат шпански медиуми

Кристијано Роналдо нема долго да остане во Ал Наср, клубот од Саудиска Арабија за кој потпиша со годишна плата од 200 милиони евра.

Прилагодувањето на португалската ѕвезда на локалната култура е потешко од очекуваното, јазикот е проблем, а заминувањето на дестинација на работ на фудбалската мапа сепак беше условено од немањето добри понуди, како и силната платежна моќ на клубот што го донесе. Многу брзо следи збогувањето, а Роналдо би требало да се врати во Реал Мадрид.

Ова го пишуваат шпанските медиуми, со напомена дека 38-годишната ѕвезда на португалската репрезентација нема да се врати како играч, но кога ќе замине од Ал Наср, во клубот го чека позиција, најверојатно таа на амбасадорот на гигантите од Сантјаго Бернабеу.

Го очекува функција во клубот

Според El Nacional, претседателот на клубот „Флорентино Перес му дал гаранција на Роналдо дека нема да му недостига работа на Сантјаго Бернабеу“.

„Очигледно е дека не би се вратил таму како играч, тоа е круг кој се смета за затворен. На Роналдо ќе му биде понудена функцијата клупски амбасадор или некоја улога во организационата шема на клубот“, додаваат тие.

Роналдо потпиша двегодишен договор со Ал Наср, со кој се верува дека ќе заработува 70 милиони евра по сезона. Договорена е и преостанатата сума до 200 милиони за да добие пари од правата за користење на својот имиџ и дело. Најверојатно сезоната ќе ја завршат без трофеј.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе