Роналдо со пресврт за 180 степени: Сакаше во ПСЖ или Јунајтед, сега моли да остане

Кристијано Роналдо му порача на Јувентус дека сака да добие нов договор и да остане во торинскиот клуб.

Кристијано Роналдо наводно побарал да го напушти Торино по неуспешната сезона со Јувентус, но сега пристигнуваат информации дека сè е сменето за 180 степени.

Славниот португалски напаѓач не само што нема да го напушти Јувентус ова лето, една година пред истекот на неговиот договор, туку неговиот агент ѝ порача на „Старата дама“ дека сакаат да преговараат за продолжување на соработката, што е големо изненадување.

Роналдо претходните три сезони го носеше дресот на Јувентус и не успеа да ја освои Лигата на шампионите со овој тим, што беше заедничка цел, а потоа се шушкаше дека е незадоволен од соиграчите, тренерот...

Ова особено се однесуваше на враќањето на Максимилијано Алегри на клупата на Јувентус, па се шпекулираше дека Роналдо затоа може да замине во Пари Сен Жермен или Манчестер Јунајтед, но нема да има ништо од тоа бидејќи овие клубови не се подготвени да издвојат пари за обештетување и голема плата.

Тоа го сфати и агентот Мендеш, па затоа му предложи на Јувентус да ја продолжат соработката, за кариерата на Роналдо да продолжи во Италија и дека не е време за преселба во МЛС...

Роналдо има 36 години, а во дресот на Јувентус постигна 101 гол во претходните три сезони.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе