Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

МИА / КАЈГАНА
/ 05.03.2021 / 20:15

Роверот Perseverance (Упорност) на НАСА за првпат се движеше по површината на Марс. Како што може да се види на објавените фотографии од НАСА, роботот со тежина од еден тон мина кратко растојание и се сврте во круг.

Планот на американската агенција е Perseverance во период од две години да мине растојание од 15 километри.

Клучната цел на мисијата на Perseverance на Марс е астробиолошко истражување што вклучува потрага по знаци на древен живот на микроби. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетите и климата во минатото и ќе го отвори патот за истражувањата на Црвената планета од страна на човекот и ќе биде првата мисија за собирање и складирање примероци од карпи и реголит на Марс.

Perseverance атерира во неистражена област на планетата, кратерот „Језеро“, именуван по едно село во Босна и Херцеговина. Некои долини што водат до овој кратер се именувани по реките Сава, Неретва, Плива и Уна.

Креатерот „Језеро“ е едно од најдобрите места за барање древен живот бидејќи пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнет со вода. Претходните анализи покажаа дека наслагите во кратерот се богати со минерали што се формираат во присуство на вода, што, пак, значи дека таму некогаш можеби постоел живот. Фосилите вообичаено се наоѓаат во слични седименти на Земјата.

Следните мисии, што во моментов ги разгледува НАСА, во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА), треба да испратат вселенско летало на Марс за да ги вратат собраните примероци на Perseverance на Земјата за натамошна детална анализа.

реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе