Русите го „издадоа“ Путин?

Еден руски офицер решил да ја напушти службата бидејќи сфатил дека војната во Украина не е битка во која сака да учествува.

Во интервју за CNN, тој кажа што го навело да поднесе оставка.

„Бевме валкани и уморни. Луѓето околу нас умираа. Не сакав да бидам дел од тоа, но бев“, рекол војникот, додавајќи дека отишол да го бара својот командант и дал оставка на лице место.

За негова безбедност, CNN не го откри неговиот идентитет.

Овој Русин не е единствениот кој одбил да се бори, бидејќи како одминува времето на виделина излегуваат приказни за многу слични случаи. Професионалните војници и регрути одбиваат да учествуваат во војната и ја напуштаат службата.

Проценките на западните официјални лица велат дека руските сили се борат со големи загуби во Украина.

Британската агенција за разузнавање и безбедност наведува дека некои војници дури и одбиле да извршуваат наредби.

CNN не доби никаков коментар од руското Министерство за одбрана на оваа тема.

Војникот вели дека бил дел од масовната акумулација на војници во западна Русија, што предизвика стравувања за Украина низ целиот свет.

Тој вели дека не размислувал многу за тоа, дури ни на 22 февруари, кога од него и остатокот од неговиот баталјон било побарано да ги предадат своите мобилни телефони додека биле стационирани во Краснодар на југот на Русија. Не добиле никакво објаснување. Таа ноќ со часови цртале бели ленти на воените возила. Им рекле да ги измијат и да ја пишуваат буквата Z.

„Потоа ми рекоа да ја напишам буквата Z како во филмот Zoro. Следниот ден нè однесоа на Крим. Искрено, мислев дека нема да одиме во Украина. Не мислев дека ова ќе се случи. Воопшто“, рече тој.

Русинот вели дека не бил единствениот загрижен или збунет зошто биле испратени во Украина. Се сеќава дека некои од неговите соборци се израдувале кога дознале дека наскоро ќе се исплатат бонусите за борбите во Украина.

„Некој рече дека ќе го отплати кредитот ако биде таму уште 15 дена“, се сеќава тој.

Соговорникот истакна дека тој не е единствениот војник кој решил да се откаже и да ја напушти војната.

Валентина Мелникова, секретарка на Сојузот на Комитетот на мајки на војниците на Русија, рече дека се слушнале многу поплаки кога првите војници заминале за Украина.

„Војниците и офицерите напишаа записник, ја напуштија службата и решија да се вратат. Главната причина е психичката состојба, а други се моралните убедувања“, рече Мелникова, чија организација ги советува војниците како да напишат извештај и им дава правен совет.

Алексеј Табалов, активист за човекови права и директор на организација која им помага на руските регрути, вели дека лично имал консултации со двајца војници кои ја напуштиле службата.

„Не можам да кажам дека тоа е масовна оставка, но многу руски војници сакаат да си заминат. Ако ги собереме случаите со кои се сретнале други организации, тогаш бројот на војници надминува 1.000“, изјави Табалов за CNN, додавајќи дека во Русија, сепак, се вршело врбување.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе