Русите направија три големи грешки во Украина, тврди поранешен шеф на ЦИА

Пензионираниот генерал на американската армија и поранешен шеф на ЦИА Дејвид Петреус смета дека руската војска направила три големи грешки за време на инвазијата на Украина.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Петреус рече дека руската војска покажала некои слабости во последните месеци од војната.

„Русите целосно ги потценија украинските сили и ги преценија нивните. Не успеаја да ја наметнат својата идеја за војна и да ги подготват силите за извршување на таа кампања. Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи“, рече генералот Петреус.

Петреус, кој претходно беше директор на ЦИА и командант на коалициските сили во Ирак, рече дека Русите не ги обучувале адекватно нивните војници.

„Покрај тоа, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Запад. Имаше многу грешки кои сами ги открија, некои очекувани, некои неочекувани“, смета Петреус.

Пензионираниот генерал истакна дека руските телекомуникациски системи се „едноканални“ и „нешифрирани“, што на Украинците и нивните сојузници им го олеснува следењето.

„Исто така, тие се со висока фреквенција, секој може да ги ‘собере’ со полициски скенер, за разлика од нашиот систем кој користи фреквентна модулација. Фактот што овие системи не се шифрирани е навистина бизарен со оглед на тоа колку тие инвестирале во модернизацијата на својата војска“, изјави Петреус.

Во еден од документите на американските разузнавачки служби објавени минатиот месец, официјални лица тврдеа дека Москва претрпе меѓу 189.500 и 223.000 жртви во Украина.

Минатата недела американскиот Институт за проучување на војната потврди дека Русија веројатно нема да може да издржи повеќе офанзиви во исто време.

Се очекува Украина да започне контраофанзива во наредните месеци за да ја врати територијата под руска окупација.

Петреус верува дека украинската контраофанзива веројатно ќе ги спречи руските напори да го зајакне или снабдува Крим преку југоисточна Украина.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе