Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина, што укажува на тоа дека руските сили трпат големи загуби, особено меѓу младите офицери.
„Големите загуби на значителен број од помладата генерација професионални офицери веројатно дополнително ќе го влошат проблемот со модернизирање на пристапот кон војување“, се вели во извештајот.
Британското разузнавање соопшти дека има „поверодостојни извештаи“ за „локализирани немири“ во руските трупи во Украина, што е знак за деморализирана армија.