Руски војник добил милион рубли за уништување на германски Leopard во Украина

Макфакс
/ 20.06.2023 / 20:55

Руски војник кој во битка во Украина уништил тенк Leopard од германско производство, добил награда од 1 милион рубли (11.842 долари) од приватна фондација, соопшти руското Министерство за одбрана. На видеото објавено од Министерството, војникот Андреј Кравцов седи на болнички кревет и прима награда од Александр Карелин, трикратен олимписки шампион во борење грчко-римски стил.

Министерството не соопшти кога и каде Кравцов го уништил тенкот, или за што се лекува во болница.

Русија вели дека нејзините сили уништиле голем број борбени возила Leopard од германско производство и Bradley испорачани од САД, откако Украина започна контраофанзива на почетокот на овој месец.

Министерството за одбрана на Русија минатата недела соопшти дека исплатило индивидуални бонуси на повеќе од 10.000 руски војници од почетокот на војната во Украина, која Москва ја нарекува специјална воена операција, за уништување или заробување на украинска или западна опрема.

Предавајќи го сертификатот за приватниот бонус, Карелин му рекол на Кравцов: „Ова се прекрасни бонуси за оние што предизвикуваат значителна штета на непријателот, згора на она што го прави државата“.

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе