Рускоска: Олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави

„Искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави“, изјави вечерва обвинителката Вилма Рускоска, појаснувајќи дека Мијалков преку посредници побарал да се пријави токму во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителката посочи дека најпрво се консултирала со јавниот обвинител на Република Северна Македонија дали да го прифатат или сепак да се пријави во полиција.

„Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас. Од кога е дојден до сега  Мијалков беше обезбедуван од истражителите кои се во Истражниот центар на ЈО за гонење организиран криминал и корупција, додаде Рускоска. 

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, обвинителката рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

„Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што и фактички решението до тогаш не беше спроведено, нели се уште беше недостапен обвинетиот Мијалков и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор затоа што првото решение не беше спроведено. Потоа, колку што имам сознанија разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата“, рече Рускоска. 

На прашањето дали сега повторно ќе побараат затворски притвор, обвинителката кажа дека ќе размислат, бидејќи цел ден беше доста бурен.

„Со колегите што го застапуваат предметот, со јавниот обвинител ќе одлучиме. Но сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во Обвинителството“, истакна Рускоска.

За тврдењето на Мијалков дека бил болен и дека дури утринава дознал оти се трага по него обвинителката рече дека не се видела со Мијалков и не знае како делува, дали е болен или не.

„Единствено се видов со едниот негов адвокат.  При разговор со неговиот адвокат двајцата заклучивме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Навистина не знам каде бил“, изјави шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Мијалков, кој е обвинет во предметот Таргет – Тврдина, денеска попладне сам се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.

„Пред два дена, како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.

До денеска обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот“, наведоа во соопштение од Обвинителството. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе