Луис Хамилтон ќе вози за Ферари од 2025 година. Еден од најголемите трансфери во историјата на Формула 1 беше официјализиран во четвртокот.
Седумкратниот светски шампион ќе го заземе местото на Карлос Саинс, чиј договор со Скудерија истекува на крајот на оваа година.
Шпанецот по тој повод се огласи на X.
„Јасно е дека Ферари и јас се разделуваме на крајот на 2024 година. Сепак, пред нас е долга сезона. Како и секогаш ќе дадам сѐ за тимот и за навивачите ширум светот. Вестите за мојата иднина ќе бидат објавени во догледно време“, напиша Саинс.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 2 март во Бахреин.