Само три Volkswagen модели ќе ја преживеат електрификацијата

Имињата како Golf, Tiguan и GTI се безбедни.

Шефот на брендот Volkswagen, Томас Шефер, изјави дека освежениот Golf ќе се појави во 2024 година и дека компанијата планира да претстави електричен Golf по 2028 година. Покрај Golf, безбедни се и Tiguan и GTI (претходната ознака за спортските верзии ќе прерасне во посебен модел), додека за другите модели ќе се дискутира од случај до случај.

За Tiguan, ова не е изненадување со оглед на тоа што е најпродаваниот автомобил на Volkswagen во светот. Шефер го објави ова на саемот за автомобили во Минхен, каде концептот ID.GTI на компанијата беше претставен како навестување за тоа како ќе изгледа електричниот модел GTI во иднина, пренесува Top Gear.

Тој истакна дека освежениот Golf ќе се појави во 2024 година и дека компанијата планира да претстави електричен Golf по 2028 година.

„Тоа ќе биде вистински Golf, без компромиси“, додаде Шефер.

Од друга страна, постои можност целосно да се укине ознаката ID, која ги означувала електричните модели на марката.

„Тоа беше неопходно во тоа време, но веројатно нема да ни треба во иднина. Не сме сигурни дали целосно ќе го отфрлиме или ќе го задржиме за некои модели“, рече тој.

Тој исто така рече дека компанијата сè уште не одлучила дали моделите Golf и ID.3 ќе се спојат во еден во иднина или не.

Да потсетиме, Volkswagen на саемот во Минхен откри дека има намера да претстави 11 нови електрични автомобили до 2027 година, еден повеќе од првично планираното.

Ова не е изненадувачки кога се знае дека VW инвестираше многу во новата SSP механичка платформа за електрични автомобили.

Тагови
реклама

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе