Samsung oбјави тизер за новиот Galaxy Z Fold 2
Компанијата Samsung со тизер ја најави верзијата за претстојниот смартфон Galaxy Z Fold 2 под назив Thom Browne Edition.
Како што и се очекуваше, новиот смартфон на преклоп изгледа прекрасно, а се карактеризира со комбинација од линии во бои и сива подлога.
Со оглед на поврзаноста со познатиот бренд, се препоставува дека овој смартфон ќе биде еден од најскапите модели на Samsung, пишува Engadget.
Thom Browne Galaxy Z Flip целосно нов чинеше 2.480 долари, односно околу 1.380 долари повеќе во однос на стандардниот Z Flip. Се очекува дека новиот Browne ќе ја надмине цената од 3.000 долари.