Сари во преговори со Арсенал и Тотенхем

Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари нестрпливо го очекува своето тренерско враќање и преговара за ангажман со англиските прволигаши од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем.

Италијанските медиуми наведуваат денеска дека Тотенхем прв стапил во контакт со Сари веднаш по отпуштањето на Жозе Мурињо во април, а во преговори со искусниот тренер сега е вклучен и Арсенал по најавите за можно заминување на Микел Артета од клупата на крајот од сезоната.

Сари во јуни 2019 година потпиша тригодишен договор со Јувентус, но иако го освои италијанското првенство доби отказ поради елиминацијата од Лигата на шампиони во осминафиналето.

Сари одби спогодбен раскин на соработката со Јувентус и е под договор до лето 2022 година за 6 милиони евра годишна плата, но може предвреме да добие одврзани раце да преземе нов клуб доколку „Старата дама“ му исплати отштета од 2,5 милиони евра.

Евентуалното преземање на еден од двата лондонски прволигаши би значело враќање на Сари во англискиот фудбал, каде го предводеше Челси во сезоната 2018/19. Претходно седеше на клупата на Наполи каде дојде од редовите на Емполи со кој постигнуваше одлични резултати. Претходно во кариерата има водено повеќе клубови меѓу кои Соренто, Алесандрија, Гросето, Перуџа, Верона, Авелино, Арецо, Пескара, Санџованезе, Сансовино и уште други нисколигаши.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе