Саудиска Арабија првпат ќе прати жена во вселената, сака да си го смени имиџот

Саудиска Арабија ќе ја испрати својата прва жена астронаут на вселенска мисија кон крајот на оваа година, што е најнов потег на кралството во насока на подобрување на својот ултраконзервативен имиџ.

Рајана Барнави ќе му се придружи на Саудиецот Али Ал Карни во десетдневна мисија до Меѓународната вселенска станица (МВС), објави официјалната саудиска агенција за печат (SPA).

Барнави и Ал Карни ќе летаат до МВС со вселенско летало SpaceX Dragon како дел од мисијата на приватната вселенска компанија Axiom Space оваа пролет, соопштија SPA и Axiom.

На Ax-2 ќе бидат и Пеги Витсон, поранешна астронаутка на НАСА за која ова ќе биде четвртиот лет до МВС и Џон Шофнер, бизнисмен од Тенеси.

Екипажот на Ax-2 ќе биде лансиран до МВС со помош на ракета SpaceX Falcon 9 од Лансирање Комплекс 39A во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида.

Богатата со нафта Саудиска Арабија ќе ги следи стапките на соседните Обединети Арапски Емирати, кои во 2019 година станаа првата арапска земја што испрати свој граѓанин во вселената.

Астронаутот Хаза ал-Мансури помина осум дена на МВС. Друг Емираќанец, Султан ал Неџади, исто така, ќе отпатува до вселенската станица подоцна овој месец.

41-годишниот Неџади, кого го нарекуваат „Султан на вселената“, ќе стане првиот арапски астронаут кој ќе помине шест месеци во вселената.

Заливските монархии се обидуваат преку мноштво проекти да ги диверзифицираат своите економии зависни од енергенси.

Саудискиот де факто лидер, престолонаследникот Мохамед бин Салман, исто така, се обидува да го подобри строгиот имиџ на кралството со притисок за реформи.

Откако тој дојде на власт во 2017 година, на жените им беше дозволено да возат и да патуваат во странство без машки придружник, а нивниот удел во работната сила е повеќе од двојно зголемен од 2016 година, од 17 отсто на 37 отсто.

Сепак, походот на Саудиска Арабија во вселената не е прв.

Во 1985 година, саудискиот кралски принц Султан бин Салман бин Абдулазиз, пилот на воздухопловните сили, учествуваше во вселенска мисија организирана од САД, станувајќи првиот арапски муслиман кој патувал во вселената.

Саудиска Арабија воспостави вселенска програма во 2018 година и лансираше уште една минатата година за испраќање астронаути во вселената, сето тоа дел од Vision 2030 - програмата на принцот Салман за диверзификација на економијата.

Axiom Space ја изврши својата прва приватна мисија на астронаути на МВС во април 2022 година.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе