Саудиска Арабија троши милиони и на женската лига, а таму има голгетерка со неверојатна статистика

Мислевте дека Саудиска Арабија троши милиони само во машкиот фудбал? Верувале или не, оваа земја од лани има и женска лига, во кој властите одлучија исто така да вложат милиони.

За оние што не знаат, Саудиска Арабија троши милиони и на женскиот фудбал, така што во 2022 година лансираше професионално првенство, а од 2023 година за да го поттикне неговиот развој натпреварите почна да се емитуваат и на DAZN.

Тимовите кои учествуваат се горе-долу исти како и оние во машката лига, но се многу помалку - 8. Има и втора лига. Во Ал Хилал игра девојка од Ирак, родена во 2000 година и израсната во ирачката лига; нејзиното име е Шохан Салихи и е напаѓач.

Салихи во минатата сезона постигна 43 (четириесет и три!) гола на 14 (четиринаесет) натпревари, а на само еден успеа да постигне дури 15. Таа е од курдското малцинство во Ирак и пред да стане фудбалерка била ракометарка и двапати била шампион на ирачката лига. Згора на тоа, игра и футсал, и е репрезентативка на својата земја.

Шохан Салихи

Но, најдобриот дел допрва доаѓа, пишува I racconti del CAF. Ал Хилал, со 76 постигнати голови, не успеа да ја освои шампионската титула, завршувајќи на второто место зад Ал Наср, предводен од Мароканката Ибтисам Жраиди, која постигна „само“ 15 гола. Деветката на Мароко од последниот женски Мундијал има 31 година и претходно цела кјариера ја мина во домашниот ФАР, клуб на Кралската армија. Таа е всушност е една од главните ѕвезди на оваа лига.

Ибтисам Жраиди

Колку и да изгледа апсурдно, женското првенство на Саудиска Арабија е поконкурентно отколку што може да изгледа, со тимови од висок ранг (исто како и машките), тие потрошија и продолжуваат да трошат многу пари, толку многу што за два години пристигнаа неколку играчи кои доаѓаат од најдобрите земји во светот (САД, Холандија итн.).

Без разлика на оваа статистика, тажна е слчиката на стадионите на натпреварите од оваа женска саудиска лига, уште повештачка од машката.

Како и да е, 43 голови на 16 натпревари е чиста научна фантастика, но тоа е тоа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе