Се чекаат првите вакцини Pfizer од Србија и термините за достава од КОВАКС

Првите антиковид вакцини од Pfizer од директно склучениот договор со овој производител се очекуваат во земјава во средината на февруари. Се чека прецизирање и на терминот кога ќе ги добиеме вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, како и известување за вакцините што ќе ни ги отстапат солидарно земји членки на ЕУ. Но, пред сите треба да стигнат вакцините од Србија, за што е потребна согласност од Pfizer, а се наменети за здравствените работници во КОВИД-центрите.

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека контактирал со неговата српска колешка Ана Брнабиќ и дека упатил и втора молба до Pfizer за согласност да се извезат од Србија вакцините кои ни се дадени, а и Владата, според него, ургира преку Министерството за здравство.

Тој верува дека барањето ќе биде одобрено и оти вакцините што ни ги отстапува Србија би требало да стигнат најбрзо, односно пред другите што ќе доаѓаат преку трите механизми. Според премиерот, тие ќе бидат доволни за 7.850 здравствени работници кои се ангажирани во лекувањето КОВИД-пациенти.

– Верувам дека колку и да се значајни клаузулите во договорите на Pfizer со Србија и на Pfizer со сите други земји, може во предвечерието на добивање на нашите вакцини да ни дадат согласност час поскоро да стигнат вакцините од Србија, изјави Заев.

Во средината или втората половина  на февруари, посочи премиерот, се очекуваат да стигнат и првите дози од вакцините за кои склучивме договор директно со производителот Pfizer. До крајот на неделава се очекува, како што рече, прецизен и директен одговор кога се очекуваат вакцините од КОВАКС-механизмот на СЗО, а исто така и известување од Европската комисија за распределбата на одредени количини вакцини од земјите на ЕУ, т.е. од третиот, солидарен механизам.

Од сите три механизми треба да стигнат по околу 800.000 дози, односно вкупно 2,4 милиони дози за вакцинација на 1,2 милион граѓани. Со 60 отсто опфатеност на населението треба да се обезбеди колективен имунитет на COVID-19.

Во вчерашната статистика за последните 24 часа беа регистрирани 183 нови случаи кај кои е потврден вирусот, од 1.466 направени тестирања. Починаа шест пациенти  на возраст од 45 до 90 години.

Висок е бројот на оздравени – 1731 пациент. Во целата држава се хоспитализирани 604 позитивни и сомнителни на коронавирусот и има 580 слободни болнички кревети. Во главниот град лежат 289 пациенти (103 на интерните клиники, 94 во ГОБ „8 Септември“, 81 пациент на Инфективната клиника и десет на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле), а 315 се пациенти во другите градови.

Поради намалувањето на бројот на заразени, од Владата викендов најавија дека од 1 февруари во план е да се врати администрацијата на работа со полно работно време и во полн состав, односно без ротирање на вработените, откако ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заштита од заразни болести.

Според одлука на Владата, а по препорака на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, работата ја организираа во смени, на далечина (од дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации во зависност од карактерот на работниот процес на институциите.

Од почетокот на епидемијата, бројот на дијагностицирани во земјава достигна 90.654, починати се 2.785 луѓе, а оздравени 78.154. Активни случаи има 9.715, од кои 5.461 се во главниот град

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе